13.07.2023 Скопје
Во извештајот на Обединетите нации за состојбата со безбедноста на храната се наведува дека во светот околу 2,4 милијарди луѓе немаат постојан пристап до храна, додека пак 783 милиони луѓе се соочуваат со глад.
Околу 148 милиони деца страдаат од застој во развојот.
Посебен фокус во извештајот се става на Азија, Карибите и Африка, каде 20 отсто од населението ги чувствува ефектите од гладот, што е повеќе од двапати од глобалниот просек.
Генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство, Киу Донгју, истакна дека ова е новата нормалност каде климатските промени, конфликтите и економската нестабилност ги туркаат оние кои се на маргините уште подалеку од безбедноста.
Во извештајот, исто така, се наведува и дека пристапот на луѓе до здрава храна се има влошено ширум светот, при што повеќе од три милијарди луѓе не можеле да си дозволат здрава храна во 2021 година, што претставува зголемувае за 134 милиони луѓе во споредба со 2019 година.
Во 2022 година, околу 735 милиони луѓе биле хронично неухранети.
Подготвено од А.Ѓ.