03.07.2023 Скопје
Силен дожд денеска го погоди регионот Кјушу во југозападна Јапонија и предизвика уривање на мост, а властите издадоа наредба за евакуација на околу 360.000 жители на градот Кумамото.
Јапонската метеоролошка агенција предупреди на лошо време со пороен дожд и грмотевици што ќе траат до вторник напладне и ги повика жителите да бидат внимателни за можни одрони и поплави.
Префектурата Кумамото е под товарот на линеарно невреме кое често предизвикува поројни поплави, а градовите Јамато и Машики денеска регистрираа рекордни врнежи од дожд за јули.
Силниот дожд предизвика уривање на 37-метарски бетонски мост на мала река што минува низ Јамато, но засега нема податоци за жртви, се наведува во извештајот на локалните власти.
Подготвено од А.Ѓ.