28.07.2023 Скопје
Во еколошкиот фонд од декември 2021, кога пластичните најлон кеси од бесплатни, во трговската мрежа почнаа да се употребуваат како продажен артикал со цена од 15 денари, собрани се речиси два милиони евра.
Средствата кои се собрани од продажбата на најлонските кеси ќе се користат за набавка на контејнери за собирање отпад од хартија, тетрапак, пластика и метал.
Од Министерството за животна средина соопштија дека се се одвива согласно предвиденото со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад од 2021 година.
Конкретно, средствата ќе се користат за поттикнување на активности за постигнување на националните цели, и за посебните текови на отпад утврдени во прописите на Министерството.
Од Министерството појаснија дека, по предлог од стручен орган министерот носи програма за управување со посебните текови на отпад, потоа се предлага годишната програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад, а конечната одлука за програмата ја донесува Владата на Република Северна Македонија.
Програмата е донесена на 1 август 2022 година, со број 11-6048/1 и е објавена на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Од МЖСПП соопштија дека, со оваа годишна програма се утврдува намената и доделувањето на средствата кои ќе се користат за поттикнување на активности за постигнување на националните цели, и за посебните текови на отпад кои се утврдени во прописите за посебните текови на отпад за 2023 година.
Подготвено од М.Н.