kultura 12345

25.07.2023 Скопје

На денешниот фестивалски репертоар на 63-тото „Охридско лето“ се концертот на триото „Франк Дупре“ од Германија и изложбата на фотографии од Александар Томовски.

Вечер од 21:00 часот, во црквата „Света Софија“, концерт ќе одржи триото „Франк Дупре“ од Германија.

Триото, составено од Франк Дупре на пијано, Јакоб Круп на контрабас и Оби Јене на тапани, ќе изведе дела од: Николај Капустин, Морис Равел и Леонард Бернштајн.

Претходно, во 19 часот и 30 минути, во предворјето на црквата „Света Софија“ ќе биде отворена изложбата на фотографии „Над кулисите“ од Александар Томовски.

„Над кулисите“ (Above the curtains) претставува колекција од 12 фотографии инспирирани од балетската игра која во континуитет го следи авторот и неговите фасцинации од сцената на Националната опера и балет.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author