https://www.flickr.com/photos/afentoeiets/8612999292/in/photolist-e86SBN-QyhfT9-4rfizx-4dmK81-2nyix4e-aPxVqk-QvTGR-ugTAi-dnZ3Zu-4oFeSc-4GbjVv-LtiLHo-aBmAW-RSsM9M-daH9n7-CB6wTw-7RngGs-zc8ZT-Rph4ZA-Kzkf4n-2ikCzYY-wbMvEV-aGpsWF-dwxPhz-6kkpRt-4G7GYF-4WtjPR-29aJRhf-e1cWPi-eVD7ua-azf6S4-2n2STKF-Curn1r-69mVb1-bkYMeV-QjqYt-dR3G1m-aid8zZ-28YUBfo-6teYih-NQVLEd-222gE4T-2hvBbwx-p5o9cx-2mBa1PA-7Z7EYj-qehnSH-q27P5r-q27LJe-pZ2mjf

06.07.2023 Скопје

Уставниот суд на Германија одлучи дека е дадено премалку време за консултации за предлог-законот на Министерството за економија, кој има за цел постепено да го укине греењето со нафта и гас за да ја направи земјата „климатски неутрална“ до 2045 година.

Уставниот суд во својата одлука навел дека се прекршени правата на пратениците за рамноправно учество во одлучувањето во парламентот, а со тоа го одложи усвојувањето на законот.

Жалбата до судот ја поднесе пратеникот во Бундестагот на ЦДУ, Томас Хилам, кој рече дека времето за разгледување на нацрт-законот, кој владата сака да го помине во парламентот пред летната пауза, е прекратко.

„Стотици страници амандмански текстови што може да се испратат преку електронска пошта во петок навечер, да се дебатира во комисијата во среда и конечно да се дебатира на пленарна седница во четврток, веќе немаат никаква врска со парламентарната демократија“, рече Хилам.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author