19.07.2023 Скопје
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Република Северна Македонија, Слободан Трендафилов го потпишаа Општиот колективен договор за вработените во јавен сектор.
Министерката за труд и социјална политика на прес-конференцијата за медиумите истакна дека Општиот колективен договор кој се потпишува после 15 години претставува значаен чекор во насока на унапредување на работничките права и потврда дека за оваа Влада социјалниот дијалог е особено значаен.
Вработените во разни агенции, во општините, училиштата, фондовите, градинките и сите други вработени во институциите од јавниот сектор, од септември оваа година, ќе добијат 10 отсто раст на постојните плати, како и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година од 10.000 денари, којшто ќе биде исплатен до крај на годината, истакна министерката Тренчевска.
Подготвено од М.Н.