26.07.2023 Скопје
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири истакна дека за првпат во македонското образование, со владина одлука се воведува пролетен распуст за учениците во основното и во средното образованите, потенцирајќи дека веќе извесно време се планирани промени во календарот за престојната учебна година.
Министерот Шаќири додаде дека пролетниот распуст е за сите, односно и за наставниците и останатите вработени, кои нема да одат на работа во тие седум дена.
„Пролетниот распуст ќе трае од 29 април до 5 мај. Со ова, ќе им се овозможи на учениците да имаат пролетен распуст по примерот на европските држави. Инаку, учебната година започнува на 1 септември. Првото полугодие ќе трае до 30 декември. Второто полугодие, пак, започнува на 22 јануари и учебната година завршува на 17 јуни“, објасни Шаќири.
Подготвено од А.Ѓ.