08.07.2023 Скопје
На 67. Евровизија, која годинава се одржа во мај во Велика Британија, победи Шведска, а нејзин претставник беше пејачката Лорен со песната „Тетоважа“.
И денеска, по долго размислување, на официјалната веб-страница на Евровизија неодамна беше објавен датумот на настанот, како и градот кој ќе биде домаќин на следниот, 68. Избор за песна на Евровизија.
Официјалните лица денеска соопштија дека финалето ќе се одржи на 11 мај во Малме, а датумите на првото и второто полуфинале се 7 и 9 мај.
Ова ќе биде трет пат Малме да биде домаќин на Евровизија, по 1992 и 2013 година, а вкупно 7-ми пат големото музичко натпреварување ќе се одржи во Шведска.
Третиот по големина град во Шведска со 350.000 жители беше избран за град-домаќин по ригорозен процес кој ги испитуваше капацитетите на местото на одржување, способноста да се сместат илјадници делегации во посета, екипажи, навивачи и новинари.
Подготвено од А.Ѓ.