25.07.2023 Скопје
Владата на Обединетото Кралство ќе се придржува до плановите за забрана на продажба на нови бензински и дизел автомобили од 2030 година, но има намера да ги преиспита мерките насочени кон намалување на емисиите од домаќинствата.
Ова денеска го изјави министерот за еднакви можности, домување и израмнување на Обединетото Кралство, Мајкл Гоув.
Сепак, во врска со целите за инсталирање топлински пумпи во новите домови, Гоув истакна дека тоа е област што треба да се разгледа, и дека е важно новите домови да ги исполнуваат стандардите на нето нула, но еден од предизвиците што треба да го имаат на ум е нивниот постоечки станбен фонд.
Обединетото Кралство се соочува со вистински предизвик за трошоците на животот и она што не сакаме да го направиме е да ги принудиме луѓето да плаќаат прекумерни суми во оваа фаза, туку треба да преземеме пропорционален пристап, додаде Гоув.
Подготвено од М.Н.