20.07.2023 Скопје
Додека Саудиска Арабија го продолжи доброволното намалување на производството на нафта за 1 милион барели дневно (mbd) во август и се очекува да го стори истото во септември, Обединетите Арапски Емирати рекоа дека нема да се приклучат и дека намалувањата на Ријад се доволни за да се балансираат пазарите.
Националниот нафтен комитет на Србија, повикувајќи се на Oilprice, истакна дека ова не е изненадувачки со оглед на тоа што ОАЕ во минатото тврдеа дека треба да им се дозволи да испумпува повеќе од сегашната квота во рамките на групата ОПЕК.
Обединетите Арапски Емирати планираат до 2027 година да го зголемат капацитетот за производство на сурова нафта на пет милиони барели дневно, што е значително над квотата на ОПЕК од три милиони барели дневно.
Подготвено од А.Ѓ.