https://www.facebook.com/photo.php?fbid=537984051675375&set=pb.100063913547638.-2207520000.&type=3

28.07.2023 Скопје

Ново детско игралиште наскоро ќе добијат децата околу т.ц. Зебра во Капиштец. Денеска ќе започне и поставување на реквизитите на местото на постоечкото поради што истото нема да биде во функција. Станува збор за нови 7 реквизити вклучувајќи и нова гумена подлога. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски повикува на трпеливост се до завршување на елементите кои ќе ги израдуваат децата.

„Во ек на летните одмори и високите температури кога детските игралишта се празни почнуваме со промена на новите реквизити на веќе руинираното детско игралиште кои ќе значат и нова радост за нашите дечиња. Затоа замолувам на трпение кај родителите и децата со цел детската игра побрзо да продолжи. Инаку новото игралиште ќе има 7 реквизити и истите се донација од општествено одговорна компанија“, вели Герасимовски.

Општина Центар информира дека новото детско игралиште е донација од општествено одговорна компанија која Општина Центар ја прифати на 26-та седница на Советот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *