https://www.flickr.com/photos/80038275@N00/29741491182/in/photolist-Mj9V9J-Mj9Udq-QDg19E-W2qwhY-Rjaeqo-2g2VLXS-Rgfcri-CTAWey-2ggvjdQ-2k3FQxw-REMvuM-N6vomm-QQ7gpJ-N6vouC-QQ7gyS-2ggv7Q2-RkZzjS-2kaFmZR-QtdsTC-2biTaDo-2cYLTpi-R8swU7-2ksGY9V-2d8g2vD-2cSN5A1-2ksM4s6-2ew2ByX-XFNqQW-2auWoSw-Mj9TcY-2cgGJvy-2cafboA-2aaDzD3-2bZ4Kor-2dqMN56-R8LPAC-2bnhqLg-2ePzzBz-NQvjVD-2ew2BJr-2eJXAGC-PvmxBz-2a6WT1D-2ePzvki-2ePzv2H-2cSN5Y5-2ePzvai-RaW8Mh-2cSN65h-24Cog6M

28.07.2023 Скопје

Американското Министерство за правда покрена нови обвиненија против поранешниот американски претседател Доналд Трамп во процесот на лошо постапување со доверливи документи.

Според документот објавен во електронската база на податоци на Окружниот суд за јужниот округ на Флорида, обвинението додава уште едно обвинение за неправилно постапување со документи поврзани со државниот одбранбен сектор.

Покрај Трамп, во истиот случај обвинети се и неговиот помошник Волт Наута и работникот за одржување Карлос де Оливеира, кој е осомничен за уништување снимки од надзорните камери во летото минатата година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author