novak pocetok na vimbldon

03.07.2023 Скопје

Новак Ѓоковиќ е спремен да брка историја во својата светска кариера, а денес ќе има чест традиционално да го отвори на централниот терен во Лондон најпрестижниот турнир “Вимблдон“ со првиот меч во кој ривал ќе му биде Педро Качин Аргентинецот, кој првпат ќе игра на терените на „Ол Ингланд клуб“.

Српскиот тенисер Ѓоковиќ првпат го освои турнирот во 2011 година, додека пред 12 месеци по седмипат го подигна победничкиот пехар. Минатата година во директна пресметка за трофејот го совлада Австралиецот со резултат 3:1 (4:6, 6:3, 6:4, 7:6).

Пред три недели, најдобриот тенисер на сите времиња стигна до 23 Грен слем на Ролан Гарос и со тоа стана апсолутен рекордер.

Подготвено од М.Н.

About Author