poplavi vo indija

13.07.2023 Скопје

Клучните патишта во главниот град Њу Делхи во Индија се поплавени откако на нив се излеа вода од реката Јамуна.

Локалните власти евакуираа илјадници луѓе од блиските ниски области и го пренасочија сообраќајот од главните патишта.

Властите велат дека северна Индија досега има рекордни врнежи во оваа сезона на монсуните, кои започнаа во јуни.

Најмалку 88 луѓе загинаа во Химачал Прадеш од почетокот на дождовите кон крајот на минатиот месец, додека околните држави како Пенџаб и Харајана, исто така, беа сведоци на сериозни поплави.

Денес наутро, нивото на водата на Јамуна се искачи на 208,46 метри од 207,49 метри претходниот ден – највисоко во последните 45 години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author