25.07.2023 Скопје
Загрепската полиција пријавила 35-годишен и 73-годишен маж кои нелегално произведувале барут во областа Врбовац за да сечат дрвја, извести денеска Полициската управа (ПУЗ) во Загреб.
Полицијата се сомнева дека 35-годишниот маж преку јавно достапни извори пред околу две години собирал информации за тоа како се создава барут, а во овој план му помогнал 73-годишниот маж, иако и двајцата немале одобрение од надлежниот орган за оваа активност.
Двајцата потоа, откако сечеле дрва со моторна пила во шумата во месноста Врбовец, залепиле железна капсула со барут и домашен фитил во дрвјата, а потоа со ланец ја завиткале капсулата околу дрвјата и го запалиле фитилот, што предизвикало експлозија при активирањето.
По завршувањето на кривичната истрага, осомничените се предадени на надзорникот на притворот, а до Основното кривично државно обвинителство поднесена е кривична пријава за недозволено држење, изработување и набавка на оружје и експлозивни материи, како и обиди за загрозување на животот и имотот со општо опасно дело или со средства.
Подготвено од А.Ѓ.