nevreme hrvatska

12.07.2023 Скопје

Загреб и Карловац утрово ги зафати невреме пропратено со силен ветер што корнеше дрвја и кршеше гранки.

Во Карловац утрово силен ветер корнеше дрвја и кршеше гранки, а за кратко време, за само неколку минути, направи голема штета во градот, соопшти Градската управа.

Работниците на „Зеленила“ се на терен и ги отстрануваат паднатите дрвја и гранките.

Поради паѓање на гранки, во Загреб беа прекинати трамвајските линии, а на некои патишта во прекин е и автобускиот сообраќај бидејќи дрвја паднаа на коловозот, јавуваат хрватските медиуми.

Екипите и пожарникарите дежураат на терен и интензивно се работи на отстранување на пречките и воспоставување сообраќај, информираат од ЗЕТ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author