25.07.2023 Скопје
Силно невреме го зафати Милано, предизвикувајќи голема материјална штета и прекин на сообраќајот. Поради дрвјата кои паднаа на улиците, одредени делници беа затворени. За жал, има и жртви.
“Педесет и осумгодишна жена почина откако беше згмечена од дрво околу 15:50 часот во градот Лисоне. Иако случајните минувачи веднаш повикале помош, спасувачите кои први пристигнале на локацијата не успеале да ја спасат повредената жена. На пожарникарите им требало долго време да го извлечат нејзиното тело од под стеблото”, пренесува ANSA.
Пожарникарите добиле стотици повици да ги санираат последиците од невремето, а ситуацијата е особено проблематична во северозападниот дел на Милано.
Maltempo ⛈️, nuova bufera con grandine e forti venti su Milano, Monza e Brianza. Nel capoluogo lombardo chiusa la metro M2 per caduta di alberi, Trenord: “Numerosi danni e guasti a causa del maltempo”.#Lombardia #Milano #monza #trenord #brianza #maltempo pic.twitter.com/8EEVFSmIHO
— Libera_informazione_official (@Libera_Info20) July 24, 2023
Три лица се повредени при пад на дрвја врз автомобили во Легнат. Во првиот случај дрво паднало врз автомобил кој се движел по улица при силно невреме во центарот на градот.
Возачот успеал да излезе од автомобилот без посериозни повреди, но бил пренесен во болница на дополнителни прегледи. Уште три големи дрвја паднаа врз неколку автомобили, при што беа повредени 34-годишна жена и 81-годишна жена, кои со полесни повреди се пренесени во болница. Силен дожд поплави патишта и деловни објекти.
Нуркачи од противпожарната бригада на Милано спасија жител на населба во Милано кој останал заробен во неговата поплавена гаража.
Подготвено од А.Ѓ.