germanija evropa pazar padnat procent

04.07.2023 Скопје

Извозот од Германија во ЕУ, како и во Америка и Русија, забележа неочекуван пад во текот на мај, објави денеска Федералниот завод за статистика.

Според официјалните податоци, извозот од Германија во мај е намален за 0,1 отсто во однос на претходниот месец. Аналитичарите предвидуваа раст од 0,3 отсто.

„Извозот во ЕУ е намален за 1,5 отсто, а извозот во САД е намален за 3,6 отсто и во Русија за 7,4 отсто“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се наведува дека кај приходите од трговија во мај е забележан суфицит од 1,4 милијарди евра, што е намалување во однос на 16,5 милијарди евра што изнесуваа во април.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author