neimar kaznet divogradbi

04.07.2023 Скопје

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и бразилската репрезентација Нејмар да Силва Сантос Јуниор е казнет поради недозволено градење и кршење пломби за вкупно 3 милиони евра. Имотот на семејството на фудбалерот во општината Мангаратиба, град покрај Коста Верде, во државата Рио де Жанеиро, завршил во чекови на општинската полиција на 23-ти јуни.

При увидот на имотот во Аеро рурал кондоминиум, агентите констатирале неколку прекршувања на урбанистичкото планирање и еколошки кривични дела, особено во врска со пренасочување на река со цел да се создаде вештачко езеро.

Општинската полиција до обвинителот испратила документирана претставка во која детално се наведени сите прекршоци меѓу кои: нередовно пренасочување на водотек, неовластено вадење вода од река, незаконско собирање вода за изградба на вештачко езеро, преместување камења и карпи без дозвола, нанесување песок на плажа без еколошка дозвола, како и прекршувања на уредување.

Подготвено од М.Н.

About Author