17.07.2023 Скопје
Во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 16 октомври во главниот град на Албанија, денес исто така ќе се одржи неформален состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан.
Албанскиот премиер Еди Рама го најави овој состанок за време на неодамнешната дводневна балканска турнеја, во чии рамки ги посети Скопје, Приштина, Подгорица, Сараево и Белград, а на состанокот најавено е присуство и на комесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји.
До денес, како што јавуваат медиумите во Албанија, единствено Албин Курти, премиерот на Косово го нема потврдено своето присуство на овој неформален состанок.
Подготвено од М.Н.