31.07.2023 Скопје
Метеорит тежок нешто повеќе од половина килограм, пронајден во Мароко, според новите податоци, би можел да биде првиот метеорит што луѓето го пронашле, а пристигнал на Земјата од вселената – по долго „кружно патување“.
Имено, овој метеорит го проучувале група научници и го прогласиле за првиот „земски метеорит“, оној кој потекнува од нашата планета, поминал можеби 10.000 години во вселената, а потоа се вратил на Земјата во форма на вселенски метеорит.
До овој заклучок ги навел необичниот состав на самиот метеорит – имено, тој одговара на составот на вулканските карпи на Земјата. За да не биде чудно да се најде камен со копнено потекло на нашата планета, исто така беше неопходно да се потврди дека тој навистина дошол од вселената.
Тоа беше постигнато со дополнителна анализа, која покажа дека одредени елементи во метеоритот се изменети под долгорочно влијание на космичкото зрачење. Тие беа претворени во нивните изотопи, чија висока концентрација не можеше да се создаде преку вообичаените процеси што ги гледаме на Земјата. Концентрацијата на изотопи (на пример 10Be, 3He и 21Ne) е поголема отколку во земјината почва, но помала од онаа во „нормалните“ метеорити – и поради оваа причина беше заклучено дека ова е многу необичен феномен.
Врз основа на овие податоци, истражувачите заклучуваат дека метеоритот северозападна Африка 13188 (NWA 13188) бил отцепен од Земјата во минатото, како резултат на удар на голем и моќен астероид. Помина, за метеор, кратко време во вселената (се проценува на 2 до 10 илјади години), го обиколи Сончевиот систем, а потоа, поради сплет на околности, се врати на матичната планета. Дека се работело за таква судбина, потврдува уште еден доказ – кората на метеоритот, настаната со топењето на површината при огненото влегување во Земјината атмосфера.
NWA 13188 веројатно бил пронајден од марокански бедуини, за да заврши во рацете на препродавач некое време подоцна, во 2018 година. Конечно, Алберт Јамбон, професор од тамошниот универзитет во Сорбона, го купи на изложба во Париз. Поради неформалниот начин на негово пронаоѓање, не е сосема јасно кога и каде точно паднал метеоритот, но научниците веруваат дека може да се поврзе со еден од долгогодишните кратери во Сахара.
Истражувањето, кое заклучува дека станува збор за првиот откриен земски метеорит, беше претставено овој месец на конференцијата за геохемија Goldschmidt 2023 во Лион.
Подготвено од А.Ѓ.