Image by fernando zhiminaicela from Pixabay

17.07.2023 Скопје

Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, Мисури, конструираа уред кој може да го открие присуството на вирусот што предизвикува Ковид-19 во воздухот за само неколку минути.

Како што објави Science News, на уредот, малку поголем од тостер, му требаат пет минути за да открие седум до 35 вирусни честички на литар воздух, што е приближно „чувствително“ како и тестовите со PCR назален брис.

„Овој детектор црпи 1.000 литри воздух во минута, по што вирусите се фаќаат во уредот со помош на „мини-циклон“ и се концентрираат за анализа. Незаробените вируси во течноста се филтрираат од воздухот со помош на HEPA филтер прикачен на уредот. По пет минути собирање, течноста се пумпа во биосензорот“, изјави еден од научниците од Универзитетот, Рајан Чакрабарти.

Тој додава дека во внатрешноста на биосензорот има нанотела кои го заробуваат вирусот што поминува со шилести протеини, по што струјата поминува низ нанотелата, предизвикувајќи оксидација на тирозин аминокиселините во протеинот на шилестата или губење на електрони, а со тоа уредот детектира оксидација и сигнализира дека вирусот е присутен во воздухот.

За да го тестираат детекторот, истражувачите го испратиле уредот во становите на две лица кои имале инфекции со Ковид-19.

Сепак, треба да се надминат уште неколку пречки, а една од нив е тоа што уредот е бучен како правосмукалка или телефон што ѕвони, што е премногу гласно за да се користи во канцеларии или училници.

Science News додава дека за изработка на детекторот се потребни помеѓу 1.400 и 1.900 долари во истражувачка лабораторија, што значи дека уредот првично би бил малку поскап за употреба во домашни средини, но би можел да биде достапен за употреба во болници, аеродроми и други јавни места.

Чакрабарти посочи дека постои можност во иднина да се конструираат слични уреди кои би можеле да детектираат и други респираторни вируси, како што се грип или респираторен синусен вирус.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author