https://www.flickr.com/photos/natochannel/3726031869/in/photolist-4oacFc-2iFFbPW-4oacFB-2nTyatc-77VWUi-4oegB3-6FfTsM-2mTS54x-kEn5ib-9m2PMf-2o1fZN4-2jJzfTV-2fks3YW-2kKkBKt-e8UCYC-4oegCu-fviR7u-4oacEn-2nmyjd9-4oacDX-4qzkj1-8LNuMH-cvrhbd-cQAe3Y-77VWE2-2hTtNV3-SFutwh-2iAqekG-nVhF6Y-2hUs3AB-dZCAP4-N2sv3z-dAsu6t-KuzPGW-s2AoJ4-2mZa9sr-p5ruQ8-8bKY5V-2iwAQGs-25gTZ6k-61bfXU-2aWNuGu-2jGGdEy-TBaw58-ap653h-iuy2Kw-2nwKxT5-2hUD94J-2kKx561-bpUh9a

04.07.2023 Скопје

Поранешниот шеф на Минхенската безбедносна конференција, германскиот дипломат Волфганг Ишингер, навести дека НАТО може да и понуди на Украина една од трите алтернативи.

Тој смета дека, меѓу другото, Украина може да ги искористи предностите на Алијансата без официјален влез.

„Алијансата може да и ги понуди на Украина сите практични и конкретни опции и можности што ги вклучува членството во НАТО: од снабдување и целосно учество во програми за оружје и опрема до обука и учество во вежби, размена на разузнавачки информации, комуникации и следење, но без формално членство во НАТО“, истакна Ишингер.

Две други опции предложени од поранешниот шеф на Минхенската конференција вклучуваат можност Украина да изгради долгорочна билатерална соработка со земјите-членки на НАТО и опција што тој ја нарекува „одбранбена ескалација“.

Тој имплицира можност за ветување на НАТО дека наводните руски напади врз цели во Украина секој пат ќе „доведат до конкретни одговори од Западот – од обезбедување муниција и оружје до снабдување со понапредни балистички системи или системи со долг дострел“.

Овогодинешниот самит на НАТО ќе се одржи во Вилнус од 11 до 12 јули.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author