14.07.2023 Скопје
Произведувач на пиво од Сан Франциско, основан во 1896 година, кој тврди дека е првиот што создал крафт пиво, згаснува.
Компанијата „Enkor Brewing“ објави дека ќе престане со работа и ќе го затвори бизнисот, по повеќегодишна неуспешна продажба.
Јапонскиот гигант за производство на пиво Sapporo, кој го купи Enkor во 2017 година, рече дека напорите за заживување на брендот не успеале.
„Enkor“ беше наречен „кум“ во заживувањето на американското занаетско пиво.
„Ова беше многу тешка одлука. Свесни сме за важноста и историската важност на „Enkor“ за Сан Франциско и занаетчиската индустрија, но влијанијата на пандемијата, инфлацијата, особено во Сан Франциско, како и силниот пазар, ја оставија компанијата без опции, поради што ја прекинува работата“, изјави Сем Сингер, портпарол на „Enkor“.
Подготвено од А.Ѓ.