shell ekonomija

12.07.2023 Скопје

Нафтениот и гасниот гигант „Шел“ ги предупреди инвеститорите дека неговата добивка паднала во вториот квартал, по сличната изјава на неговиот конкурент Ексон претходно оваа недела.

Иако резултатите допрва треба да се објават на 27 јули, лондонската „Шел“ соопшти дека очекува профитот од трговијата со гас да биде значително помал отколку во првиот квартал.

Шел е најголемиот светски трговец со течен природен гас. Нафтените компании имаа рекордна 2022 година, бидејќи цените на енергијата се зголемија со почетокот на војната во Украина, што предизвика загриженост дека снабдувањето од една од најголемите светски производители ќе биде прекинато.

Русија продолжи да извезува нафта и гас, главно во азиските земји, дури и во услови на строги санкции од Европа и САД, а цените на тие енергетски производи оттогаш паднаа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author