exit srbija

26.07.2023 Скопје

Годинешните посетители на фестивалот „Еxit“ рекоа дека секоја година ќе се враќаат на Петроварадинската тврдина, а сега тоа дефинитивно го потврдија повеќе од 17.000 фанови, објави „Еxit“.

„Оваа голема и брилијантна група на најверните посетители на Еxit, која сочинува една третина од дневниот капацитет на тврдината, се регистрираше да купи ограничен број на први билети за изданието за 2024 година под посебни услови и најдобри цени во период од само 10 дена – од 11 до 21 јули – посетителите од речиси сите делови на планетата покажаа голема желба повторно да дојдат на Петроварадинската тврдина и уште еднаш ја изразија својата љубов кон Еxit“, се наведува во соопштението.

Понатаму објаснуваат дека „Еxit“ во 2024 година ќе се одржи од 11 до 14 јули на Петроварадинската тврдина, а покрај традиционално големиот број посетители од Србија и земјите од регионот – Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Север. Македонија, Црна Гора – најголем број заинтересирани ќе дојдат од Турција, Холандија, Германија, Велика Британија, САД, Австрија, Русија, Франција, Швајцарија, Шпанија, Грција, Италија, Романија, Бугарија.

„Посебна радост е тоа што во Нови Сад ќе пристигнат гости од далечните земји, како што се Индија, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Мексико, Мароко, Бразил, Кипар, Перу, Костарика, Оман, Шри Ланка, Тунис, Кина, Тајланд, Египет, Чиле Дури и обожавателите од Барбадос, Маурициус, Сингапур, Тринидад и Тобаго, Виетнам, Нов Зеланд се на списокот регистрирани за „Еxit“ во 2024 година… Ништо не е предалеку за вистинските фанови на фестивалот! Во знак на благодарност за нивната посветеност и лојалност кон „Exit“ ќе им биде испратен специјален линк преку кој ќе можат да купат билети за фестивалот по најповолни цени“, се објаснува во соопштението.

Сите оние кои во меѓувреме ќе одлучат дека „Exit“ е неизбежен следната година – ќе можат да купат фестивалска карта по почетната промотивна цена, а повеќе информации за официјалниот почеток на продажбата ќе бидат објавени наскоро.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author