lidija od makedonija

14.07.2023 Скопје

Националната опера и балет најавува обнова на една од најубавите македонски опери „Лидија од Македонија“ од композитор Ристо Аврамовски. Oпери „Лидија од Македонија“ ќе биде изведена на 16 септември 2023 г. со почеток во 20:00 ч. на сцената на Националната опера и балет.

Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер, Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимите на Елена Дончева.

Во главните улоги ќе настапат: Наде Талевска Спасовска, Игор Дурловски, Драган Ампов, Марјан Николовски / Никола Стојчевски, Васко, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author