27.07.2023 Скопје
Случај на маларија е откриен на најголемиот аеродром во Германија, жена која работи таму била заразена. Таа наводно била заразена од комарец кој бил во авионот.
Според германските медиуми, вработена на аеродромот во Франкфурт се заразила со маларија. Одделот за здравство на градот Франкфурт го известил операторот на аеродромот Фрапорт за случај на „аеродромска маларија“.
Медиумите јавуваат дека инфекцијата се случила на крајот на јуни/почетокот на јули.
Во Германија комарецот дошол со авион. Портпаролката на Фрапорт не сакаше да открие информации за летот на кој се случило, ниту за авиокомпанијата. Исто така, не е позната здравствената состојба на заболената.
Поради долгиот период на инкубација, невозможно е да се знае кој лет е поврзан со овој инцидент. Според информациите од Институтот Роберт Кох, периодот на инкубација може да трае од 18 до 40 дена.
Случаите на таканаречената „аеродромска маларија“ се многу ретки. Обично, инфекцијата се јавува преку комарци во ризичните области.
РКИ тврди дека маларијата „главно се јавува во земјите во Африка, Азија и Јужна Америка. Во последниве години, изолирани случаи на маларија се појавија во јужна Европа (на пр. Шпанија и Грција).
Маларијата е „една од најопасните заразни болести“. Секоја година во светот од оваа болест умираат неколку стотици илјади луѓе. Посебни ризични групи се бремени жени и деца.
„Ова не е прв случај на маларија на аеродромот во Франкфурт“, изјави портпаролката на Фрапорт.
Подготвено од А.Ѓ.