01.07.2023 Скопје
На една од плажите во Новаља има табла со правила на однесување.
Плажата е затворена од 23:00 до 9:00 часот, а во меѓувреме посетителите на плажата мора да ја почитуваат Одлуката за јавен ред и мир, во спротивно би можеле да бидат казнети.
Така, забрането е оставање ѓубре на плажа, користење на звучници, внимавање со стаклената амбалажа, забранета е улична продажба, како и употреба на ампули за балони.
Како што пишува на известувањето, повредата на наведените мерки може да се казни со 50 до 150 евра (од 97,5 до 292,5 км).
Треба да се напомене дека Новаља веќе е полна со туристи, што во голема мера може да се припише на забавната програма што започна на почетокот на јуни во блискиот залив Зрќе.
Подготвено од А.Ѓ.