26.07.2023 Скопје
Во моментов има 33.160 слободни работни места во угостителството и хотелиерството во канцелариите за вработување низ Германија. Во 2019 година исчезнале околу 40.000 работници во угостителството и хотелиерството, а се проценува дека за време на пандемијата тој број се зголемил на околу 65.000, пишува „DW“.
Претставничката на Здружението на германски хотелиери и угостители (Дегоха), Сандра Варден, рече дека локалните ресторани и хотели веќе не се ни пријавуваат во бирото за вработување дека им се потребни работници бидејќи не ни очекуваат бирото да ги испрати.
Според извештаите, за време на пандемијата и затворањето на продавниците, многу работници во оваа индустрија најдоа вработување во друг, обично подобро платен сектор, а побарувачката за работници драстично се зголеми, особено во средината на празничната сезона.
Варден рече дека поради недостигот на работници во угостителството, многу кафулиња и ресторани прибегнуваат кон различни мерки како што се скратување на работното време, земање неколку слободни денови во текот на неделата или намалување на менито поради недостигот на персонал во кујна.
Како што наведуваат од Германското здружение за хотелиерство и угостителство, најголема надеж во однос на вработувањето сега се полага во прифатениот реформиран закон за имиграција, со кој ќе овозможи полесна имиграција на работниците од земјите кои не се членки на ЕУ и работниците без високо образование, како и полесен пристап на пазарот на труд за бегалците.
Посочија дека треба да се работи на подобрување на имиџот за вработување во овој сектор, но не се споменува зголемување на платите, кои се релативно ниски во угостителскиот и хотелиерскиот сектор.
Подготвено од А.Ѓ.