https://www.google.com/search?as_st=y&tbm=isch&hl=en&as_q=ustaven+sud+logo&as_epq=&as_oq=&as_eq=&cr=&as_sitesearch=&safe=images&tbs=sur:cl,isz:lt,islt:svga#imgrc=wb_q69RFV6SptM

20.07.2023 Скопје

Уставниот суд на седница одржана на почетокот на овој месец со времена мерка го стопира упатството за издавање на лични документи со графата за етничка припадност, што значи дека Управата за матични книги нема да издава извод на родени во кој ќе биде впишана графата националност се додека Уставниот суд не донесе конечна одлука дали е тоа уставно или не.

На денешната седница, Уставниот суд ќе ја разгледа иницијативата на политичката партија „Левица“ за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција.

Левица оспорува повеќе членови од постоечкиот Закон за матична евиденција, со кои е предвидено националност да се запише во матичната книга на родените, во матичната книга на венчаните и во матичната книга на умрените. Од Уставниот суд информираат дека се оспорени три члена од Законот, односно зборот националност во изводите, каде покрај основните податоци за раѓање, живеалиште се додава и националноста на новороденчиња, на венчаните и на умрените.

Од Министерството за правда преку соопштение тврдат дека упатството со кое се воведе графа за етничката припадност во изводите од матична евиденција не е противзаконско.

Уставниот суд по сопствена иницијатива поведе постапка поради сомнеж дека упатството е неуставно и во првата фаза од постапката утврди дека не е почитуван уставниот рок за објавување за тој предмет.

Подготвено од М.Н.

About Author