07.07.2023 Скопје
Социјалната мрежа „Тhreads“, која ја лансираше компанијата „Мета“, има повеќе од 30 милиони регистрации откако беше активирана и се наметнува како прва вистинска закана за „Твитер“, кој е во сопственост на Илон Маск.
„Мета“ за новата мрежа користеше пристап до милијарди корисници на својот сервис „Инстаграм“, а изгледа слично на својот ривал.
Мрежата Threads е најпопуларната бесплатна апликација во Apple Store во Велика Британија и САД денес.
Лансирањето на оваа апликација доаѓа откако извршниот директор на Мета, Марк Закерберг и Маск со месеци разменуваа жестоки коментари, дури и се закануваа дека ќе се борат меѓу себе во ринг во Лас Вегас.
Во текот на денот „Твитер“ одговори со закана дека ќе ја тужи „Мета“, повикувајќи се на писмото што адвокатот на „Твитер“ му го испратил на Цукерберг.
Подготвено од А.Ѓ.