21.07.2023 Скопје

„Состојбата со пожарите во Западна Атика, Лаконија и Родос е подобрена, но поради екстремните временски услови постои можност за нивно ширење“, соопшти грчката противпожарна служба.

Во Западна Атика работат 300 пожарникари, во Лаконија повеќе од 50, додека на Родос на гаснењето пожари работат 102 пожарникари.

Противпожарната служба апелираше до граѓаните да бидат внимателни бидејќи најголем дел од пожарите се предизвикани од невнимание.

Портпаролот на службата Јанис Артофиос изјави дека вчера на Крит биле уапсени тројца мажи.

Министерството за климатски кризи и цивилна заштита соопшти дека денеска под висок ризик од пожар се регионите на Атика, Централна Грција, Пелопонез, Северно Егејско и Јужно Егејско Море.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *