26.07.2023 Скопје
Русија работи на лоцирање на производството на самоубиствените беспилотни летала „Шахед“ кои ги испорачува Иран, а со месеци ги користеа руските сили како дополнување на балистичките и крстаречките ракети во бомбардирањето на инфраструктурата со долг дострел на територијата на Украина.
Русија, со помош на ирански експерти, веќе гради производствен погон на своја територија, кој, откако ќе биде завршен, ќе и обезбеди на земјата арсенал на беспилотни летала „поредок од големина“ од оној што досега го купи Иран.
Според проценките на американските разузнавачи, фабриката за производство ќе биде завршена на почетокот на следната година, а штом ќе биде оперативна ќе има значително влијание врз напредокот на конфликтот во Украина, дополнително заситувајќи ја воздушната одбрана на Киев веќе ставена под голем притисок.
Според информациите на американските разузнавачи, од почетокот на конфликтот Иран и доставил на Русија околу 400 беспилотни летала Шахед 131, 136 и Мохаџер, а руските сили до сега речиси останале без нив.
Техеран јавно негира дека испорачува оружје на Русија, но двете земји брзо го продлабочуваат своето воено партнерство. Американските разузнавачки служби веруваат дека Иран би можел да започне и со снабдување на Русија со полесна и покомпактна верзија на дронот Шахед, Шахед-101.
Подготвено од М.Н.