18.07.2023 Скопје
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен заедно со соработниците од Европската унија оценија дека одлуката на Русија да го суспендира учеството во договорот од пред една година што и дозволува на Украина да извезува жито преку Црното Море е „сурова и несовесна“.
Блинкен на прес-конференција повика на што поскоро обновување на договорот, а истакна и дека Вашингтон будно ја следи ситуацијата по нападот во текот на ноќта на патниот мост што го поврзува Крим со јужна Русија.
Сојузниците истакнаа дека Украина сега треба да одлучи како ќе продолжи понатаму со руската агресија која не стивнува на украинската територија.
Подготвено од М.Н.