05.07.2023 Скопје
Економските показатели на Русија се подобри од очекуваното, што дава надеж дека сите планирани задачи ќе бидат исполнети, изјави рускиот претседател на средбата со рускиот премиер Михаил Мишустин.
Премиерот Мишустин на средбата рече дека руската економија продолжува да закрепнува и покрај санкциите, бидејќи растот на рускиот БДП за пет месеци од тековната година изнесува 0,6 отсто.
Тој посочи дека годишниот раст на рускиот БДП во мај изнесува 5,4 отсто, што го смета за „особено важно“.
Мишустин очекува руската економија годинава да порасне за повеќе од 2,0 отсто, а двигател на овој раст е преработувачката индустрија.
„Инфлацијата во Русија на почетокот на јули беше 3,4 отсто, а експертите сметаат дека годишната инфлација во Русија не треба да надминува 5,0 отсто“, изјави рускиот премиер.
Мишустин објави дека стапката на невработеност во Русија моментално е меѓу 3,1 и 3,2 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.