zatopluvanje

10.07.2023 Скопје

Светската метеоролошка организација, агенцијата на Обединетите нации за временски услови, клима и водни ресурси, предупреди дека светските влади мора да се подготват за уште поекстремни временски услови и рекордни температури во наредните месеци, прогласувајќи го почетокот на феноменот на затоплување познат како Ел Нињо.

Агенцијата на Обединетите нации за временски услови, клима и водни ресурси го прогласи почетокот на феноменот на затоплување познат како Ел Нињо, природна климатска шема во тропскиот Тихи Океан, која носи потопла од просечната температура на површината на морето и има големо влијание врз временските услови ширум светот, погодувајќи милијарди луѓе.

Генерални секретар на СМО, Петери Талас, изјави дека појавата на Ел Нињо во голема мера ќе ја зголеми веројатноста за соборување на температурни рекорди и предизвикување екстремна топлина во многу делови од светот и во океанот.

„За да спасат животи и средства за живот, владите мора да воспостават системи за рано предупредување и да се подготват за понатамошно немирно време оваа година“, рече Талас.

Изминатите три години беа едни од најтоплите досега, дури и за време на фазата Ла Ниња, „сестрата“ на Ел Нињо која се карактеризира со температури на океаните пониски од просечните.

Според СМО, „двојниот удар“ на многу силниот Ел Нињо и затоплувањето предизвикано од човекот од согорувањето на фосилните горива ја направија 2016 година најтоплата година досега.

Како што истакнаа од СМО, првиот Ел Нињо што ќе се развие по седум години може да доведе до оваа или следната година да го собори рекордот за топлина поставен во 2016 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author