26.07.2023 Скопје
Во второто коло од КОНКАКАФ Лига купот, Интер Мајами убедливо со 4:0 ја совлада Атланта, а херој на триумфот беше маестралниот Лионел Меси.
Меси за прв пат во САД го започна мечот како стартер и само осум минути игра му беа доволни да го совлада голманот на противничката екипа.
Леонел Меси ја затресе мрежата по одличната асистенција на Серхио Бускетс, исто како некогаш во Барселона, а потоа во 22 минута аргентинецот постигнува нов гол за зголемување на резултатот на 2:0.
Во финишот на првото полувреме Интер Мајами стигна до резултат 3:0 по одличниот гол на Роберт Тејлор. Истиот играч го поставува конечниот резултат во 54 минута од натпреварот, а Меси ја запиша и својата прва асистенција.
Подготвено од М.Н.