13.07.2023 Скопје
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја одобри долгоочекуваната помош за Пакистан во износ од три милијарди долари, потег што веројатно ќе ја спаси осиромашената исламска нација од банкрот.
ММФ во средата објави дека неговиот извршен одбор одобрил договор за обезбедување средства за период од девет месеци за зајакнување на програмата за економска стабилизација на Пакистан.
Пакистан и ММФ се договорија за деветмесечниот план по серијата состаноци со премиерот Шебаз Шариф, министерот за финансии Исак Дар и други официјални претставници.
Подготвено од А.Ѓ.