https://www.facebook.com/ville.ajaccio.corsica/photos/t.100044253888108/5295867173854935/?type=3

27.07.2023 Скопје

Моментно еден од најдобрите светски фудбалски напаѓачи, Килијан Мбапе, не е заинтересиран за саудиските милиони, односно одбил било каков разговор со претставниците на Ал Хилал, кои наводно му понудиле 300 милиони евра на ПСЖ.

Претставници на Ал Хилал престојувале во Париз за да го финализираат потписот на Бразилецот Малком, и се надевале дека ќе направат чекор напред во преговорите со Мбапе на тој пат, но анонимни извори велат дека Мбапе одбил да преговара со клубот од Саудиска Арабија.

Незаинтересираноста на Мбапе за понудата на Ал Хилал, според Фабрицио Романо од ПСЖ, е дека францускиот репрезентативец веќе ги има договорено условите со Реал Мадрид.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *