mbpae

01.07.2023 Скопје

Нахел, 17-годишно момче, почина во вторникот наутро, откако беше застрелан од полицаец, откако со својот автомобил помина низ полициски контролен пункт во париското предградие Нантер. Смртта на младото момче предизвика немири во градот на периферијата на француската престолнина, уапсени се 13 демонстранти, а полицаецот кој пукал во младиот човек е уапсен.

Мбапе ја допре Франција со порака откако полицијата уби млад човек.

По трагичниот настан, Мбапе напиша потресен твит во кој ја оплакува трагичната смрт на младиот човек: „Жал ми е за мојата Франција. Ова е неприфатлива ситуација. Сите мои мисли се со семејството на Нахел, ова мало ангелче кое замина прерано“.

Но, по трагедијата во предградијата на метрополата, невидени немири поттикнати од гневот поради полициската бруталност се проширија низ Франција. Нив ги предводат потомците на имигрантите од Африка, кои нагласуваат дека секогаш се мета на полициско малтретирање. Но, протестите поттикнати од негодување поради наведените причини брзо прераснаа во демолирање и грабеж од дива толпа, која пали и краде се пред себе. Низ цела Франција не горат само полициски возила, туку и книжарници, згради, кранови, а толпата краде се што ќе најде со провалување.

Трагедијата во париските предградија многумина ја користат за палење, уништување и грабежи низ Франција.

Мбапе, капитенот на француската фудбалска репрезентација, преку писмо и се обрати на земјата. Во него тој ги осудува оние кои ја злоупотребуваат тагата и болката од трагедијата и подлабоките проблеми што ја тресат Франција за уривање, палење и грабеж.

„Како и сите Французи, бевме одбележани и шокирани од бруталната смрт на младиот Нахел. Најпрво, сакам да кажам дека нашите мисли се со него и неговото семејство, на кои упатуваме најискрено сочувство. Не можеме да останеме бесчувствителни на околностите во кои се случи овој трагичен настан смртта“, изјави Мбапе.

„Го разбирам твојот гнев, но начинот на кој е изразен не можам да го оправдам или поддржам“, истакна Мбапе.

Тој додава дека по трагичниот настан се сведоци на манифестирање на народниот гнев, кој ја разбира причината, но не може да го оправда или поддржи.

„Пред сè, ние од работничките населби чувствуваме болка и тага и ги споделуваме со оние кои страдаат. Меѓутоа, овој израз на страдање е придружен со самоуништување на кое сме сведоци. Насилството не решава ништо“, потенцира Мбапе.

„Ги уништувате вашите градови и населби, вашиот имот и местата што ви се важни и драги“, додаде фудбалерот.

Тој тврди дека демонстрантите ја користат тагата за да уништат се што е добро во Франција.

„Вие кои ја користите тагата за уништување мора да знаете дека ги уништувате вашите населби, вашите градови, места што ви се драги и важни. Во време на екстремна тензија, не смееме да молчиме за грдите работи што се случуваат, туку да повикуваме на мир и помирување. Родители, млади и стари, браќа и сестри, сите мора да работат заедно за да го вратиме мирот во нашите градови“, категоричен е францускиот фудбалер.

Мбапе истакнува дека животот во Франција е загрозен, и дека треба меѓусебно да комуницираат и да соработуваат.

„Нашата судбина е соживот, не можеме да живееме без него и сега е загрозена. Одговорност на сите нас е да го зачуваме. Постојат мирни и конструктивни начини на изразување тага и болка. Мораме да ги насочиме нашите енергии и активности на ова Времето на насилство мора да заврши и да направи пат на жалост, дијалог и обновување“, заклучува Мбапе.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author