01.07.2023 Скопје
Твитер отсега ќе бара од корисниците да имаат профил на таа платформа за да можат да гледаат „твитови“, а сопственикот на оваа социјална мрежа Илон Маск изјави дека станува збор за „привремена итна мерка“.
Од корисниците на Твитер, кои ќе се обидат да прегледаат содржина на таа платформа, ќе биде побарано да се регистрираат или да се логираат на нивниот профил за да видат „твитови“.
„Ни украдоа толку многу податоци што ја деградираше услугата за нормалните корисници“, рече Маск во твитот.
Тој претходно изрази незадоволство од компаниите за вештачка интелигенција како OpenAI и други, кои користат податоци од Твитер за да ги обучуваат своите големи јазични модели.
Подготвено од А.Ѓ.