13.07.2023 Скопје
Американскиот милијардер Илон Маск најави основање на нова компанија за вештачка интелигенција „xAI“.
„Го најавувам основањето на xAI за да ја разбереме реалноста“, напиша Маск на Твитер.
На веб-страницата на компанијата се наведува дека целта е „xAI да ја разбере вистинската природа на универзумот“.
Се додава дека на 14 јули ќе се одржи конференција на тема „Твитер простори“ на која слушателите ќе се сретнат со членовите на тимот на кои ќе можат да им поставуваат прашања. Меѓу членовите има и експерти кои меѓу другото биле вработени во компаниите Гугл, Мајкрософт и ОпенАИ.
Подготвено од А.Ѓ.