https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/a/ab/Panorama_de_l%27h%C3%A9micyle_de_l%27assembl%C3%A9e_nationale.jpg

03.07.2023 Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон им наложи на министрите на синоќешната вонредна седница на владата „да продолжат да прават се за да се воспостави редот и да се гарантира враќањето на безбедноста и мирот во француските градови, каде што немирите предизвикани од полициското убиство на малолетникот Нахел.

Претседателот на Франција посочи дека „владата мора да продолжи да биде деноноќно со полицијата, жандармите, судиите, службениците и пожарникарите“.

„Ние мора прво да одвоиме време за да ги квалификуваме настаните пред да донесеме заклучоци“, им рекол шефот на државата на највисоките француски претставници.

На барање на Макрон, премиерката Елизабет Борн денеска ќе ги прими претседателите на парламентарните групи во Националното собрание.

Изминатата ноќ беше помирна од претходната и полицијата приведе само 78 злосторници, речиси 10 пати помалку отколку во ноќта од сабота кон недела.

Во Париз беа уапсени 20-тина демонстранти, но на местата каде што претходните денови жестоко се судрија демонстрантите и полицијата, синоќа беше релативно мирно.

Само во ноќта од саботата кон неделата се уапсени 719 лица, повредени се 45 полицајци и жандарми, опожарени се 577 возила и 74 објекти, а на јавните патишта евидентирани се 871 пожар, соопшти француското МВР.

Откако во неделата вечерта ги прими премиерката Елизабет Борн и седуммина министри, претседателот Емануел Макрон денеска ќе се сретне со претседателот на Сенатот, Жерар Ларче, а потоа и со Жаел Брон-Пиве, претседател на Националното собрание.

Во вторник Макрон ќе прими и 220 градоначалници и претседатели на општини во Елисејската палата, каде во изминатите неколку дена демонстрантите жестоко се судрија со полицијата и запалија автомобили и куќи, соопшти претседателската администрација.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author