25.07.2023 Скопје
Експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) потврдија присуство на мини во близина на нуклеарната централа Запорожје, што е окупирана од руските сили уште од почетокот на војната.
Агенцијата на ОН истакнува и дека присуството на такви експлозиви на локацијата не е во согласност со безбедносните стандарди на МААЕ и упатствата за нуклеарна безбедност и создава дополнителен психолошки притисок врз персоналот на централата и покрај првичната процена на МААЕ, дека евентуално детонирање не треба да влијае на системите за нуклеарна безбедност и безбедност на локацијата.
Во соопштение од МААЕ се наведува дека пред два дена во инспекциски надзор, тимот на МААЕ регистрирал мини лоцирани во тампон зоната помеѓу внатрешните и надворешните бариери на локацијата. Мините биле лоцирани во ограничена област, недостапна за персоналот.
Подготвено од М.Н.