28.07.2023 Скопје
Најголем број работници кои годинава не можат да си дозволат да одат на годишен одмор има во Романија (43 проценти) и Грција (37 проценти), а по нив речиси веднаш следат Унгарија, Италија, Хрватска и Кипар.
Анализата на податоците на Евростат, Европската конфедерација на синдикати и Европскиот синдикален институт покажува дека цената на аранжманот за одмор е за 12,4 отсто повисока од лани кога цената поскапе за 11,5 отсто.
Според Европската конфедерација на синдикати, летово нема да има одмор од кризата со трошоците за живот, при што семејствата се соочуваат со најголемото зголемување на трошоците за одмор и престој во историјата.
Цената на пакет аранжманите, кои се наменети да обезбедат одмор со најдобра вредност, во земјата или во странство, се зголеми за 12,4 отсто во целата ЕУ во периодот од јануари до мај, по растот од 11,5 отсто минатата година, па се потврдува дека низ Европа во текот на летово, кризата на трошоците на животот влијаат на цената на годишните одмори: во првите пет месеци од 2023 година тие се на рекордно високо ниво, додека, на пример, последниот голем пораст е забележан во 2015 година, кога годишниот раст беше 7,2 отсто, при што мерењата се извршени од 1996 година.
Според оваа анализа, околу 19,5 отсто од вработените не можат да си дозволат да поминат една недела надвор од дома, што изнесува 38 милиони луѓе. Во оваа смисла, хрватските работници заземаат високо место на листата на најпогодени работници.
Подготвено од А.Ѓ.