lavv

20.07.2023 Скопје

Властите користат хеликоптери за да го надгледуваат она што тие веруваат дека е женски лав и ги повикаа жителите да останат дома.

Полицијата соопшти дека во операцијата за пронаоѓање на животното учествуваат и ветеринарни експерти и ловџии.

Жителите наводно добивале пораки преку апликации за предупредување. Меѓу другото, од нив беше побарано да не одат на прошетка во шума и да се засолнат во своите куќи или автомобили доколку видат животно.

Полицијата соопшти дека информации за присуството на животното добила од сведоци кои го снимиле како напаѓа и убива дива свиња.

Тие рекоа дека не знаат од каде би можело да дојде животното, откако провериле во зоолошки градини, циркуси и засолништа за животни кои рекле дека не им недостасува лавицата.

„Распоредивме голема сила на локацијата за да го заштитиме населението“, рече портпаролот на полицијата.

Потрагата по лавицата е фокусирана на општината Клајнмахнов на јужниот раб на Берлин. Општината има околу 20.000 жители.

Портпаролката на општината рече дека децата во градинките не смеат да влегуваат во околните бавчи и дека на пазарџиите им е препорачано во моментов да не поставуваат тезги.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author