27.07.2023 Скопје
Американската компанија Мета, сопственик на платформите Фејсбук и Инстаграм, го затвори вториот квартал од годината со приходи од 32 милијарди долари, што е зголемување од 11 процентни поени во однос на истиот период од 2022 година.
Според финансиските резултати заклучно со 30 јуни Компанијата објави заработка по акција од 2,98 долари, повисока од проценките на аналитичарите за 2,91 долари.
Компанијата основана од Марк Цукерберг ги ревидираше нагоре своите насоки за третиот квартал, проценувајќи ги приходите меѓу 32 и 34,5 милијарди.
„Имавме добар квартал, со позитивни перформанси на сите наши платформи, кварталниот нето приход достигна 7,79 милијарди долари“, истакна Закерберг во соопштението.
Подготвено од М.Н.