https://www.flickr.com/photos/48947180@N05/5543857578/in/photolist-9rTHHm-2mNupuH-4tR6CM-2n4ogPY-8d6wUE-EFvTe-7K97Az-9SLejx-2c8FjMw-BDVJ5J-2eHx7pG-663pch-Gx6dcL-aptNmv-25hyM3w-6MPNbS-8AP2HH-9SNVuS-GucNnp-Jjcrod-2kiQpX-53TY21-7cjCJj-6ue1hm-2mZqXcg-21nHrJ-2iEbLwJ-4PrC8t-nmsM82-2iipstA-6CsyeV-6KMVVV-HLTuA-23gqqnu-2mztWjY-25FaFPB-88cX7t-ohWz9g-GV1kG-dVSbpQ-2hUsuki-29Qr6uA-9W5dfv-4RiGWi-4GMrm2-qPVmQF-a5rX1e-etuihS-4t2Jzd-4sGpgV

18.07.2023 Скопје

Пратеникот на ДПК Енвер Хоџај и пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово Мухамет Хамити на своите официјални страни на Фејсбук остро го искритикуваа косовскиот премиер Албин Курти.

Хамити оцени дека поради владата на Албин Курти и потезите што ги прави како премиер, сите ги трпат последиците и додаде дека Курти покажал неодговорност додека бил во опозиција, а тоа го покажува и сега кога е на власт.

Енвер Хоџај пак оцени дека неучеството на косовскиот премиер Албин Курти на средбата во Тирана е дезертирање на надворешната политика на Косово и додаде дека Косово нема право да гласа на Балканот, Европа и светот.

И двајцата пратеници во своите објави истакнаа дека власта е сменета пред две години по волја на граѓаните, но за жал ситуацијата на Косово секој ден оди на полошо.

Подготвено од М.Н.

About Author