lush proizvodi

31.07.2023 Скопје

Британската козметичка компанија „Lush“ минатата година на своите менаџери им исплати бонуси од пет милиони фунти (околу 5,82 милиони евра), откако од владата зеде 5,1 милиони фунти (околу 5,94 милиони евра) и забележа пад на профитот од 90 отсто.

Во 2022 година биле исплатени бонуси на директорите на компанијата, меѓу кои се и ко-основачот Марко Константинос и неговата сопруга Мо, како и уште шестмина вработени во Lush Cosmetics.

Продажбата на компанијата се очекува да порасне за најмалку пет проценти оваа година.

Компанијата објави дека се соочила со прекин во производството поради пандемијата на корона вирусот.

„Нашата популарност во Европа секако опадна по Брегзит. Треба повторно да ја изградиме љубовта кон нашиот бренд, кој е во сопственост на Велика Британија, низ цела Европа“, се вели во годишниот извештај на компанијата.

Се додава дека на падот на продажбата можеби влијаела одлуката на компанијата во 2021 година да се повлече од социјалните мрежи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author